Статут

Врз основа на членовите 4, 7 и 36 од Законот за локалната самоуправа (Службен весник на РМ” бр. 5/02), Советот на Општината Вевчани на осмата седница одржана на 26.09.2006 година, донесе:


С Т А Т У Т

 НА ОПШТИНА  ВЕВЧАНИ 

I Општи одредби

Член 1

Општината Вевчаниi е основана и нејзиното подрачје е утврдено со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија (Службен весник на РМ„ бр. 55/04).

 Член 2

Со овој статут на Општината Vev~ani (во натамошниот текст: Општината), во согласност со закон, се уредуваат:

-          организацијата и работата на органите на Општината;  

-          организацијата и работењето на комисиите на Советот на Општината;  

-          вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност;  

-          начинот на информирање на граѓаните и слободниот пристап до информации од јавен карактер;

-          случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот на Општината; 

-          начинот на организирање на референдумот;  

-          начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на Општината и постапување по нив; 

-          referendum  

-          начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните;  

-          начинот на објавувањето на прописите на Советот; 

-          начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба; 

-          начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината; 

-          како и други прашања од значење за Општината.  

Член 3

Определени прашања сврзани со остварувањето на надлежностите, процедурите за работа и одлучување во Советот на Општината, поблиску се уредуваат со деловник на Советот на Општината (во натамошниот текст: деловник).

Деловникот го донесува Советот на Општината (во натамошниот текст: Совет), со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

 

Член 4

Општината има свој празник.

Празник на Општината е __________________.

 

Член 5

Општината има грб и знаме.

За утврдување на грбот и знамето на Општината, Советот распишува конкурс и образува комисија.

 

                                                                                                             Член 6

Општина Вевчани има свои штембил и печат. Печатот е во тркалезна форма, во средината е испишано "Вевчани" , а на рабовите "Република Македонија , Општина Вевчани".

Член 7

Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб, односно знаме и го доставува до Советот на усвојување.

 

II. Организација и работење на органите на Општината 


1. Совет

а) Конституирање 



Член 8

Конституирањето на Советот, се врши со верификација на мандатот на членовите на Советот избрани на начин утврден со закон и со давање и потпишување на свечаната изјава со содржина утврдена со закон.

Верификацијата на мандатите на членовите на Советот се врши на првата конститутивна седница на Советот, по предлог на Комисија за прашања на верификација, избори и именувања што се формира на почетокот на седницата од редот на новоизбраните членови на Советот.

Верификацијата на мандатите на членовите на Советот кои не биле присутни на првата седница на Советот, ја врши Советот на првата седница на која што тие ќе присуствуваат.

Член 9

Постапката за верификација на мандатите на членовите на Советот поблиску се уредува со Деловникот.

б) Права и должности на членовите на Советот  

Член 10

Членот на Советот има права и должности утврдени со закон и со овој Статут.

Членот на Советот се стекнува со своите права и должности по верификацијата на мандатот.

Член 11

Членот на Советот има право и должност:

-          да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;

-          да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;

-          да бара од администрацијата на Општината (во натамошниот текст: администрација), како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;

-          да бара  и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;

-          да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.

Член 12

Членот на Советот има право да присуствува и учествува во работата на седница на комисија на Советот, иако не е член на комисијата, но без право на одлучување.

Член 13

Членот на Советот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седници на Советот и на на комисија чиј член е, должен е за тоа благовремено да го извести претседателот на Советот и претседателот на комисијата.

Членот на Советот кој од оправдани причини подолго време е спречен да присуствува на седници на Советот и на комисија чиј член е, има право да побара од Советот одобрение за отсуствување од седниците.

По барањето од ставот 2 на овој член, Советот одлучува без претрес.

в) Претседател на Советот  

Член 14

Претседателот на Советот го избира Советот со јавно гласање, со мнозинство гласови од вкупниот број  членовите на Советот.

Предлог за претседател на Советот може да даде секој член на Советот.

Изборот на претседател на Советот може да се изврши и со тајно гласање, доколку за таков предлог на член на Советот одлучи Советот со мнозинство од присутните членови на Советот.

Постапката за избор на претседател на Советот со тајно гласање се уредува со Деловникот.

г) Начин на работа

Член 15

Советот работи на редовни седници, а по потреба може да одржува свечени и вонредни седници.

Член 16

Денот, часот и местото на одржување на редовна седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред по кој ќе се работи на седницата mo`e da се објавуваат на огласна табла  на Општината.

^lenovite na Sovetot pismeno }e se izvestuvaat za sednica so dostavuvawe na pokana.

Претседателот на Советот може да одлучи денот, часот и местото на одржување на седницата на Советот, како и предлогот на дневниот ред да се објават во средствата за јавно информирање.

Член 17

Советот одржува свечени седници за одбележување на значајни историски настани, а може да одржува свечени седници и за ислушување на говори на наши и странски државници, претставници на меѓународни организации и истакнати граѓани на странски држави како гости на Општината.

Член 18

Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните и во случаи на вонредни околности.

Вонредна седница на Советот свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или на барање од најмалку 1/3 од членовите на Советот или на предлог на градоначалникот.

Поканата за вонредна седница заедно со предлогот на дневен ред на членовите на Советот им се доставува на најбрз можен начин.

Пред отпочнувањето со работа на седницата, членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на вонредна седница, без претрес  и со мнозинство од присутните членови на Советот.

Член 19

Во случај на спреченост или отсутност на претседателот на Советот, на седницата претседава најстариот член на Советот.

Член 20

Советот може да одлучи со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот, гласањето по определени прашања да биде тајно.

Член 21

Свикувањето на седниците на Советот, утврдувањето на дневниот ред, текот на седницата, записниците, постапката за донесување на акти и други прашања сврзани со работата на Советот, поблиску се уредуваат со Деловникот.


  1. 1.        Градоначалник

Член 22

Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут.

Член 23

Градоначалникот присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.

Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.

Член 24

Градоначалникот по сопствена иницијатива и по барање на Советот, го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.

Член 25 

                Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.

                Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.

                Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.


Член 26

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.

Член 27

Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.

Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.

Решението од став 1 на овој член се објавува во “Службен гласник на Општината Вевчани.

За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува.


3. Посебни тела на Општината 

a) Совет за заштита на потрошувачите 

 

Член 28

Во Општината се формира Совет за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите е составен од 3 членови, претставници на поголемите групи на корисници на јавните услуги во општината.

Членовите на Советот за заштита на потрошувачите не може да се избираат од редот на членовите на Советот на Општината.

Член 29

Одлука за формирање на Советот за заштита на потрошувачите донесува Советот на Општината, на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.

Член 30

Советот за заштита на потрошувачите од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите, со јавно гласање.

Член 31

Советот за заштита на потрошувачите работи на седници.

Седниците по правило се јавни.

Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Советот за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.

Советот за заштита на потрошувачите одлучува со мнозинството од вкупниот број членови на Советот за заштита на потрошувачите.

На седниците на Советот за заштита на потрошувачите можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, без право на одлучување.

Член 32

Советот за заштита на потрошувачите разгледува прашања и утврдува предлози кои што се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби на Општината, а особено:

-          ја следи состојбата на давањето на услуги од јавните служби;

-          се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата  и установите што вршат јавни услуги;

-          се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги кон корисниците на услугите;

-          организира јавни трибини  и други форми на учество на граѓаните на кои ќе се расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите.


b) Партиципативно тело од областа на урбанизмот 

Член 33

Во Општината се формира партиципативно тело од областа на урбанизмот (совет, одбор), заради пренесување на ставовите и мислењата на граѓаните и правните лица во процесот на урбанистичкото планирање, како и заради следење на состојбите и давање иницијативи насоки и сугестии во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината.

Партиципативното тело од областа на урбанизмот се состои од 5 членови.

Член 34

Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот донесува Советот, на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.

                Членовите на Партиципативно тело од областа на урбанизмот се избираат:

-          од редот на членовите на Советот;

-          по предлог на здруженијата на граѓани;

-         истакнати стручни лица од областа на урбанизмот

-          стручн олице од општинската администрација и

-          граѓани на општината


Член 35

Партиципативно тело од областа на урбанизмот од редот на своите членови избира претседател, со мнозинство гласови од вкупниот број членови на партиципативното тело, со јавно гласање.


Член 36

Партиципативно тело од областа на урбанизмот работи на седници.

Седниците по правило се јавни.

Седниците ги свикува  и со нив раководи претседателот на Партиципативно тело од областа на урбанизмот.

Партиципативно тело од областа на урбанизмот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството од вкупниот број членови.

Партиципативно тело од областа на урбанизмот одлучува со мнозинството од вкупниот број членови.

На седниците можат да присуствуваат и учествуваат во работата градоначалникот и претседателот на Советот, без право на одлучување.

 

III. Организација и работење на комисиите на Советот на Општината 

  1. 1.        Комисии на Советот

Член 37

Советот ги образува следните постојани комисии:

-          Комисија за прашања на верификација, избори и именувања,

-          Комисија за финансии и локален економски развој,

-          Комисија за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата, odnosno Patricipatvno telo,

-          Комисија за комунални работи и сообраќај, 

-          Комисија за јавни дејности,

Делокругот на комисиите од став 1 на овој член се определува сo деловник на Советот.

Советот може да образува и други постојани и повремени комисии, чиј состав и делокруг се определува со актот за нивното формирање.

2.Состав, избор и начин на работа на комисиите

Член 38

Комисиите на Советот се состојат од претседател и минимум 2 члена.

Член 39

Избор на претседател и членови на комисија на Советот се врши на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања.

Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања го дава предлогот од став 1 на овој член врз основа на претходно доставени предлози на политичките партии застапени во Советот, при што води сметка за примена на принципот за нивна пропорционална застапеност во комисиите, имајќи го предвид вкупниот број на комисиите на Советот.

Изборот на претседател и членови на комисија се врши со мнозинство од присутните членови на Советот.

Член 40

Предлог за разрешување на претседател и членови на комисија може да даде комисијата, Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, најмалку 3 (три) членови на Советот и претседателот на Советот.

По предлогот за разрешување одлучува Советот, со јавно гласање, со мнозинство на присутните членови на Советот.

Член 41

Избор заради промена на поодделен член на комисија се врши на предлог на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, при што не може да се наруши принципот на пропорционална застапеност на партиите во комисиите.


Член 42

Комисијата работи на седници.

Дневниот ред на седницата на комисијата се утврдува на почетокот на седницата.


Член 43

Комисијата може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинството членови на комисијата.

Комисијата одлучува со мнозинство гласови на присутните членови.

Член 44

Ако одлучи да му поднесе извештај или предлог на Советот, комисијата определува свој известител, кој по налог на комисијата, по сопствена иницијатива или по барање на Советот, на седницата на Советот ќе го образложи ставот или предлогот на комисијата.


Член 45

На седницата на комисијата задолжително присуствува претставник на предлагачот на материјалот што се разгледува.

Претставникот на предлагачот има право на седницата на комисијата да учествува во разгледувањето на предлогот што го поднел.

Член 46

Комисијата има право од предлагачот да бара известување, појаснување, како и други податоци што и се потребни за работа, а со кои предлагачот располага или е должен да ги собира и евидентира.

Член 47

На седниците на комисијата може да присуствуваат и да учествуваат претставници на органи, организации, заедници и здруженија, како и научни, стручни и јавни работници, заради изнесување на нивни мислења по прашањата што се разгледуваат на седницата на комисијата.

Поканата до лицата од ставот 1, ја доставува претседателот по претходна консултација со членовите на комисијата.


IV. Вршење на работи според начелото на супсидијарност 

Член 48

Општината, во рамките на законот, во согласност со начелото на супсидијарност, има право на своето подрачје да спроведува иницијативи во врска со сите прашања од значење за Општината, што не се исклучени од нејзина надлежност или не се во надлежност на органите на државната власт.

Определувањето на работите од став 1 на овој член, дефинирањето на нивната содржина, начинот и постапката на нивното вршење се уредуваат со посебни одлуки на Советот, по предлог на градоначалникот.

Член 49

                Општината може да доделува награди.

                Наградите се доделуваат како знак на признание за постигнати остварувања што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во областа на економскиот развој, науката, уметноста, културата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области.

Член 50

                Наградата може да се доделува на физички и правни лица од Општината, Републиката и од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации или нивни претставници.

Член 51

                Советот формира одбор за доделување на наградата.

Работата на одборот поблиску се уредува со одлука на Советот на Општината.

Средства за наградата и за работа на одборот се обезбедуваат од Буџетот на Општината и од други извори на приходи.

Член 52

Општината може да востановува други награди и признанија.


V. Информирање на граѓаните и слободен пристап до информации од јавен карактер

а) Информирање на граѓаните 

                                                                                                            Член 53

Органите на Општината, комисиите на Советот на Општината и јавните претпријатија и установи основани од Општината ги информираат граѓаните за одлуките и своите активности кои се од непосредно значење за животот и работата на граѓаните во Општината и за други информации од јавен интерес.

Граѓаните се информираат за:

-          прописите кои ги донесува Советот на Општината;

-          начинот и условите за остварување на нивните права;

-          обврските на граѓаните кои произлегуваат од надлежност на Општината;

-          плановите, проектите и програмите кои се во подготовка а се од значење за развојот на Општината;

-          услугите кои ги добиваат од јавните служби и градската администрација и начинот на нивно добивање;

-          приходите кои се остваруваат во Општината и начинот на нивна распределба и трошење;

-          јавните набавки;

-          именувањето на директори и претставници во управните одбори на јавните претпријатија и установи;

-          други информации кои произлегуваат од надлежноста на органите на Општината и јавните претпријатија и установи во согласност со закон.

                                                                                                          Член 54

Информирањето на граѓаните се врши редовно, без надоместок, преку:

-          издавање службен гласник на Општината;

-          издавање и дистрибуција до граѓаните на месечни информативни билтени;

-          објавување на публикации;

-          информативни канцеларии водени од општинската администрација и јавните служби основани од Општината;

-          огласни табли (во простории на Општината, јавните претпријатија и установи, меснaта самоуправа);

-          веб сајт;

-          јавни трибини;

-          средствата за јавно информирање и

-          на друг соодветен начин кој е најповолен за информирање на јавноста.

-          информирањето на граѓаните се врши на Македонски јазик кој е службен јазик и се користи во Општината. 

б) Слободен пристап до информациите од јавен карактер 

                                                                                                       Член 55

Во Општината се обезбедува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располагаат органите на Општината (Советот и градоначалникот), јавните претпријатија и установи основани од Општината и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања доверени од Општината (во натамошниот текст: иматели на информации).

По исклучок, во случаи утврдени со закон, правото на слободен пристап до некои информации со кои располагаат имателите на информации од став 1 на овој член, може да биде ограничен или да се обезбеди делумен пристап.

Член 56

За информации со кои располагаат и до кои се обезбедува слободен пристап, имателите на информации востановуваат и водат листа на информации која се објавува на начин кој е достапен за барателите на информации.

За листата на информации и условите и начинот на слободен пристап до информациите, граѓаните се известуваат преку огласна табла или на друг погоден начин.

Имателите на информации се должни редовно на секои три месеци да ја ажурираат листата на информации од јавен карактер со кои располагаат.

Листата на информации од јавен карактер за органите на Општината ја предлага  градоначалникот, а ја утврдува Советот.

Листата на информации од јавен карактер за јавните претпријатија и установи основани од Општината ја утврдува управниот одбор на предлог на директорот.

Член 57

Постапката за остварување на правото на слободен пристап до информации се остварува во согласност со закон.

Градоначалникот на Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат Советот на Општината и администрацијата.

Директорот на јавното претпријатие и јавната установа основанa од Општината создава услови и презема мерки пропишани со закон, за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат согласно статутот на претпријатието и установата.

                                                                                                        Член 58

Слoбоден пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат имателите на информации имаат сите правни и физички лица (во натамошниот текст: барател на информацијата).

Слободниот пристап до информации се остварува во законски утврдениот рок:

-          со увид во документите со кои располага имателот на инфо