Одделенија

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, БУЏЕТ, ЛЕР И АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ

•следење и примена на законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално - финансиското работење,управување, следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на субјектот утврдени со буџетот

• подготвување, извршување и известување за извршувањето на буџетот за субјектот, измена, дополнување и контрола на подготовката и извршувањето на буџетот и стратешкиот план на субјектот

• изготвувањето на финансиски план за извршувањето на буџетот (месечен, квартален и

  годишен) за субјектот, органите во состав и единките корисници на субјектот

• следењето на остварувањето на приходите и извршувањето на трошоците на субјектот, сметководствено евидентирање за извршувањето на буџетот и подготвување на  годишна сметка

• подготовка на Годишен финансиски извештај, освен извештај за извршените ревизии и активности на внатрешната ревизија, кој го подготвува одделението за внатрешна   

  ревизија, а е составен дел од овој извештај,

• подготовка, примање, ликвидирање и контрола на сметководствената документација, пресметувањето и исплатата на платите на вработените во субјектот

• следењето и согледувањето на потребите од набавки во субјектот со органите и подрачните единици во негов состав, изготвувањето на годишен план за јавните набавки и негова реализација

• управување со локални даноци и такси

• други работи од областа на финансиското управување и контрола.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА  ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ

- подготвува акти за Советот и Градоначалникот;

-ги подготвува седниците на Советот како и седниците на неговите комисии;

-врши стручни работи за Советот и Градоначалникот;

-доставува информации и податоци во врска со активностите на општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;

-ракува со документите на општината и ги чува се до нивно уништување, односно предавање на државниот архив на Република Македонија;

-ги работи информатичко - техничките работи;

-како и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

- врши управување со човечките ресурси и спроведување на надлежности во следните функционални области: развој на органот, информативен систем за човечки ресурси, односи меѓу вработените, обука и развој, мотивација, организациски развој, селекција, вработување, стручно усовршување и оценување на државните службеници, грижа за постојан развој на квалитетот и професионалноста на државните службеници во органот;

-подготвува годишен план за  работа и по одобрувањето од Градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;

-се грижи за примената, ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето  со законите, подзаконските  и актите на органите на општината од областа на човечките ресурси вклучувајќи ги оние поврзани со правичната застапеност на заедниците;

-врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на општината.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА  УРБАНИЗАМ, КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- урбанистичко планирање;

-издавање на одобренија за градба на објекти од локално значење;

-уредување на просторот;

-донесување на мерки за заштита и спречување од загадување на животната средина и природата;

-цивилна заштита;

-противпожарна заштита;

-планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојни и структурни  приоритети и водење на локална економска политика

-се грижи за развојот на малите и средни претпријатија на локално ниво и учество во воспоставување и развој на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерството и

-како и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или 

 Градоначалникот на општината.