Вевчански Извори

Споменикот на природата - Вевчански извори преставува заштитена еколошка зона, пријатно и воодушевувчко   катче за одмор, медитирање и уживање. Вевчанските извори се наоѓаат на надморска височина од околу 960   метри, додека наслебата Вевчани се протега на надморска височина од 840 метри (Дoлна мала) и до 980 метри   надморска височина (Горна мала). 

Вевчанските извори во внатрешноста се составени од 7 помали извори кои се соединуваат и го сочинуваат  текот   на реката викана Матица или Вевчанска река. Вевчанската река е долга 6 километри и под селото Велешта се   влива во реката Црни Дрим. Од оваа река низ Вевчани течат три јазови од чија вода се наводнува вевчанското   поле.

 

Водата до изворот доаѓа од подземна патека долга 100 метри, а нејзината висинска разлика  изнесува 10 метри.   Од изворот, според повеќегодишните мерења  е утврдено дека  просечно во една секунда истекуваат 1500 литри   вода кои дел преку  водовод служат за вода за пиење, а друг  дел за наводнување.

Ова богатство од вода  најголемо е во пролетните месеци па се до јуни-јули месец,  создавајќи  една прекрасна     слика  за врутокот и за убавината на изворот.  

Од памтивек, во изворот  се фрлал и крстот за Водици,а оној што ќе го фател крстот бил даруван од сите куќи во   Вевчани. По истрелите од пиштоли дека е фатен крстот, односно дека е крстена водата, жителите од соседните   села Октиси и Велешта  полнеле од крстената вода за здравје и живот.  

Во 1972 година, еден спелеолог, престојуваше 45 дена во Вевчани истражувајќи ја длабината на изворот   обидувајќи се да ја открие  неговата внатрешност. Според неговото кажување, во главната пештера на  изворот   има два дела: еден помал и  еден поголем - што наликува на сала до која се стигнувало низ еден мал процеп-дупка која многу тешко може да се совлада и помине.

Како Споменик на природата, Вевчанските извори  се влезени во задолжителната наставна програма за посета, така што учениците од училиштата ширум Република Македонија доаѓаат да ги посетат изворите воодушевувајќи се на нивната убавина.

Локалитетот Вевчански извори се наоѓа северозападно од општина Вевчани на источните падини на планината Јабланица на надморска височина од 950 метри. Преставува исклучително значаен хидролошки, односно хидрогеолошки локалитет кој според своите карактеристики е од посебен интерес за науката. Природниот механизам  на оваа појава е врзан за таканаречениот псеудопериотски вруток, а како главна хидрогеолошка појава преставува типично контактно извориште.

Изворите на овој локалитет  се дренираат од варовници со тријанска старост. Главниот извор кој се наоѓа во отворот на една пештера, во текот на летниот период привидно пресушува. Десеттина метри подолу водата се јавува од неколку постојани извори кои веројатно подземно комуницираат со него. Овој тип на извори се карактеристични за красните предели каде што во време на полноводието сите подземни канали и пукнатини се заситени со вода и на површината се јавуваат како прелив кој е условен со загатот (подземен издан) од водонепропусните филитични шкрлици во базата. нивото на преливот е во зависност од котата на подземната акумулација, која опаѓа или се подига во зависност од хидролошкиот период.