ЈП Еремја

Јавното претпријатије за комунални дејности и облагородување на природните ресурси ЈП ЕРЕМЈА - Вевчани е основано 1996 година и до денес успешно работи обезбедувајќи квалитетни услуги за граѓаните на територијата на општина Вевчани. Целта на постоење на претпријатијето е да обезбеди поквалитетно и континуирано водоснабдување, навремено собирање и транспорт на ѓубрето и заштита на животната средина. Уште од самото основање ЈП ЕРЕМЈА - Вевчани  започна со извршување на  следните комунални дејности и тоа:

  1. снабдување со вода за пиење
  2. одведување на фекалните води
  3. одржување на гробишта
  4. прибирање, превоз и транспорт на ѓубре

Од  2011 година започна со чистење на јавните површини ( улици, тротоари, пристапни патишта, скалила, паркинзи, автобуски постојки и сл.) во рамките на оваа програма ЈП ЕРЕМЈА  ги извршува следните активности:

  1. собирање, транспортирање на отпадот за одржување на јавна чистота;
  2. чистење на снег и мраз за време на зимскиот период

Претпријатијето  моментално има вработено 9 лица во две одделенија и тоа:  одделение за административно финансиски работи и оперативно одделение.

Главната дејност снабдување со вода за пиење  се обавува само на територијата на општина Вевчани опслужувајќи 600 домаќинства, 150 викенд куќи и 50 фирми. Постојниот систем за водоснабдување  на Вевчани составен од два независни подсистеми и тоа : подсистем за ниска зона од кој со вода се снабдува понискиот дел т.е. 2/3 од Вевчани и подсистемот горна зона од кој со вода се снабдува повисокиот дел т.е. 1/3 од Вевчани.

 

 

 


Контакт информации:

JП ЕРЕМЈА - Вевчани

Директор: М-р. Зоран Радиноски

Адреса: 6335 Вевчани

Телефон: 046/ 798-633

е-маил: jperemjavevcani@yahoo.com