Здравствен дом
Зачетоците на современата здравствена организација во Вевчани датираат од 1936 година, кога е формирана првата здравствена задруга. Прв раководител бил д-р Панто Ивановски.
Во периодот по Втората светска војна, иницијатор и реализатор на комплексниот проект за развитокот на Здравствената станица, (сега Здравствен дом) со амбуланти во неколку дримколски села, со речиси целосна поддршка на медицинските кадри, интелект уалците и населението, бил д-р Светозар Чочороски. Од богатата животна биографија на д-р Чочороски во оваа прилика ги бележиме и огромните заслуги за изградбата на водоводот во Вевчани и во околните села и постојаната грижа за изградба на комуналната и стопанската инфраструктура на дримколскиот регион. Здравствениот дом е создаден и во голем дел модерно опремен со средства на локалното население и располага со медицински и стручни кадри за неговото работење, а покрај модерно опремените објекти во Вевчани, има сопствени амуланти во повеќе дримколски се ла - Велешта, Подгорци, Лабуништа, Боровец, Јабланица, Дабовјани и Татеши.
Со цел пружање на комплетна и пред се квалитетна медицинска нега на пациенните, Здраствениот дом, овозможува повеќе специјализирани услуги во руралните одделенија кои се во негов состав од кои посебно се издвојуваат:
- Рентген, ЕХО, ЕКГ дијагностика и Мамографија
- Биохемиска лабараторија
- Дневна болница
- Брза помош
- Интерно одделение
- Деттско одделение
- Стоматолошко одделение
- Оддление за КСТ
Контакт информации:
Здраствен дом Д-р “Светозар Чочороски“ - Вевчани
Директор: Д-р Боро Пешиноски
6335, Вевчани
Телефон: 046 784 645, 046 798 387
Факс: 046 798 658
е-маил: zdrdomvevcani@gmail.com