Пензионерски Клуб

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, општина Вевчани континуирано и посветено работи на проектот за иградба на пензионерски клуб во Вевчани кој според првичните проценки треба да биде сместен во  рамките на општинската зграда во просторијата на поранешната градска кафана. Овој проект се наоѓа во административна процедура, а бидејќи како инвеститор се јавува надлежното министерство потребно е е проектот да помине низ неколку комисии кои треба да дадат согласност за негово одобрување.  Најголем дел од  административните процедурите се завршени, а осбено значајно е тоа што проектот доби согласност и од страна на Владата на РМ на  седницата која беше одржана неодамна. Понатаму проектот треба да се процесира во рамките на самото министерство, да се предвиди во годишната програма за финансирање и во иднина овој проект ќе влезе во завршна фаза на негова изградба. Со овој проект општината уште еднаш го ппкажува својот интерес за развој во најразлични сфери создавајќи поквалитетни услови за живеење на граѓаните од најразлични возрасни групи.