Реализирани

ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕ

Во соработка со Агенцијата за млади и спорт  успешно е завршен проектот за изградба на тениско игралиште на територијата на општина Вевчани. Изградбата на тениското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 тениски игралишта на териториајта на Република Македонија. За изградба на тениското игралиште од средствата на буџетот на РМ беа издвоени околу 5 милиони денари.   Изградбата на тениското игралиште е според сите стандарди на Светската тениска асоцијација - целосна инфраструктурна  приклученост, осветлување, жичана ограда, пристапни патеки и најсовремена подлога. Истотo е погодно за одржување на домашни и меѓународни тениски натпревари. 

Проектот е целосно завршен и тениското игралиште е предадено во употреба на ден 21.08.2011 во присуство на Премиерот на РМ Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, Градоначалникот на општина Вевчани Перо Илиески и  локалните граѓани и љубители на тенисот. 

Во наредна фаза се планира и изградба на околни трибини со што овој спортски терен ќе биде еден од  најубавите на територијата на Република Македонија. Со реализацијата на овој проект јасно се покажува намерата и желбата на локалната власт за развој на спортот и спортскиот дух кај  младите од Вевчани кој недостасува како резултат на отсуството на капацитети со спортско - рекративен карактер.


 ДЕТСКИ ЗАБАВЕН ПАРК

Со цел збогатување на  дневно забавниот живот на децата од општина Вевчани, општината  го реализира проект за изградба на детски забавен парк. Детскиот парк се наоѓа во центарот на Вевчани веднаш зад спорткиот полигон и археолошко истражувачкиот локалитет Пресвета Богородица и објектот на поштата. Со проектот се  уреди  просторот, се изградија патеки, се реконструира постојниот базен, се  поставија објекти за забава и едукација на децата, се поставија клупи за одмор на родителите на децата и се набави различна едуактивно забавна опрема. Уште со самото завршување на проектот, истиот е добро прифатен и користен од страна на локалното население што посебно ја покажува потребата од ваков простор за кој главен корисник се децата од општина Вевчани.

 

 

 

ЈАРБОЛ СО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ


Во соработка со службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ се постави јарбол со македонското знаме во централното подрачје на територијата на општината. Јарболот е висок оклу 30 метри, а површината на знамето изнесува 50 метри квадратни (10мх5м).

 

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ ЗА БИБЛИОТЕКАТА

Во последните неколку години библиотеката се соочуваше со немање на простор за трајно сместување и изложување на книжниот фонд. Од година во година согласно просторните услови библиотеката беше преселувана од една просторија во друга.  Сето тоа доведуваше до уништување на книжниот фонд и намален интерес за посетеност на библиотеката од страна на локалното население.  Со цел да се обезбедат нормални услови за работење на библиотеката и заштина на книгите општината превзеде активности за уредување на  една просторија во која трајно ќе биде сместена библиотеката  и во која ќе биде изложен целокупниот книжен фонд со кој располага библиотеката.  Покрај уредувањето на просторијата која се наоѓа во рамките на објектот на општинската зграда, општината обезбеди и набави нови полици и рафтови за книгите  со што значително ги подобри условите на библиотеката. Покрај заштитата и изложувањето на книгите во ораганизација на библиотеката  се организирани голем број на работилници и информативни сесии од најразлични области и теми со што значително се придонесува до зголемување на свеста и информираноста на населението за пооделните области.


КАНЦЕЛАРИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ НА РМ И УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ВЕВЧАНИ

На 24.05.2011 година директорот на Агенцијата за катастар на недвижности г-дин Љупчо Георгиевски и Градоначалникот на општина вевчани г-дин Перо Илиески свечено ја отворија канцеларијата во Вевчани. Општина Вевчани обезбеди просторни услови за нормално и непречено извршување на активностите на оваа канцеларија. Со отворањето на оваа канцеларија на граѓаните на општина Вевчани им се олесни пристапот до катастарот, се скрати времето за вадењето на имотните листови и други услуги кои ги нуди катастарот и им се овозможи заштеда на трошоците  на кои граѓаните беа изложени поради потребата од патување до најблиската канцеларија на катастарот во Струга.  Оваа канцеларија работи  во Понеделник и Четврток од 8:30 до 16:30 часот и истата се наоѓа во рамките на општинската зграда на приземје.
Во зградата на општината, покрај канцеларијата на катастарот се отвори и канцеларија на  Управата за јавни приходи во Вевчани. Со отворањето на оваа канцеларија на граѓаните им се овозможи своите годишни даночни пријави да ги доставуваат во Вевчани со што се елиминира потребата од патување во Струга и изложување на дополнителни трошоци. Од друга страна и локалните правни лица добија можност за редовни консултации  и секојдневен пристап до Управата за јавни приходи.

НАБАВКА НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА- ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ВОЗИЛО - БАГЕР  И СРЕДСТВО ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД ОД ДОМАЌИНСТВА

Со цел зголемување на квалитетот на комуналните услуги на општината, намалување на трошоците на општинскиот буџет и поголема заштита на животната средина општина Вевчани набави ново ново специјално возило за  собирање на отпад од домаќинства   и  ново повеќе наменско возило- багер за зимско чистење на улиците, чистење на водните канали и градежни работи за потребите на општината. Овие основни средства ќе бидат предадени на употреба на Јавното комунално претпријатије ЕРЕМЈА од Вевчани со цел модернизација на истото.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени со под-заем на  општина Вевчани во рамките на заемот на Владата на РМ кој што го обезбеди од Светска банка во рамките на програмата на Владата на РМ “Проект за подобрување на општинските услуги“  со многу поволни услови, 11 години рок на отплата, три години грејс период и ниска каматна стапка.

 


ЗАШТИТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ КАКО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ ВО КАТЕГОРИЈАТА СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА

Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на животна средина, заврши постапката за донесување на закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата. По претходна постапка на надлежното Министерство, Собранието на РМ донесе закон со кој локалитетот  Вевчански извори во проширена површина до  1370 хектари се прогласува како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата. Со овој закон целокупната површина се предава на управување на општина Вевчани и истата понтаму согласно законот ќе се користи во функција на поголем локален економски развој. Според текстот на законот заштитеното подрачје е поделено на  4 зони: зона на срога заштита, зона на активно управување, зона на одржливо управување и заштитен појас. Во секоја од овие зони се  дефинирани посебни  можности и одговорности при нивно управување.


МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ФРАНЦИЈА

Општина Вевчани потпиша Конвенција за соработка со општина Херманвил-сур-мер од регионот на Долна Нормандија, Република Франција. Еден од приоритетите на тригодишната соработка е Млади, образование и Европско граѓанство.  Во насока на унапредување на соработката во оваа област, младински организации од Вевчани и Херманвил-сур-мер започнаа активност за реализирање на две младински размени во рамките на кој млади од Вевчани ќе имаат можност неколку дена да престојуваат во збратимената општина и обратно,  млади од Франција ќе имаат можност да престојуваат во Вевчани. Двете невладини организации изготвија проект за младинска размена кој беше одобрен од страна на ЕУ со кој 12 млади од Вевчани на возраст од  14-17 години во периодот од 20 Јули 2012 до 30 Јули 2012 престојуваа во општина Херманвил-сур-мер. Целта на оваа размена беше младите од Вевчани да се запознаат со животот на нивните врсници од збратимената општина и со навиките на младите кои живеат покрај море. Помеѓу другите активности младите од Вевчани имаа можност да научат да сурфаат на брановите од морето, да возат јахти на песок, да прават летала, да гостуваат во радио програма, да кампуваат, да вкусат од француската кујна и локалните специјалитети.

Беше организирано и еднодневно разгледување и посета на најзначаните места во Париз.  Покрај посетата на Франција дополнително беше организирано и разгледување  на градот Салзбург во Австрија и градот Верона во Италија. Во наредниот период треба да се организира младинска размена со која младите од збратимената општина Херманвил-сур-мер ќе имаат можност да престојуваат во  општина Вевчани за време на летниот период 2013 година.