Библиотека

БИБЛИОТЕКА СО ЧИТАЛНА "М-Р РИСТО ПОПЕСКИ"

Библиотеката со читалиште "Свети Василије" е формирана на 16 февруари 1935 година, со 345 книги подарок од локалното население. Библиотеката меѓу двете светски војни била место каде што се сретнувале напредните вевчанци и се вкрстувале нивните идеи. Затоа Библиотеката постојано била предмет на опсервација од "будното око" на власта. И по Втората светска војна долго време Библиотеката беше дислоцирана како место во кое вевчанци подаруваа, позајмуваа и читаа книги, се промовираше прикажувањето на филмови во киното, а начитаните разменуваа и најнеобични, слободарски и "еретички" идеи.

Библиотеката е на патот да го врати стариот сјај и денес го носи името на знаменитот вевчанец м -р Ристо Попески, прерано починат научен истражувач. Посебна заслужност за зголемувањето на книжниот фонд на библиотеката има Ристо Попески кој  има дониарно 3200 книги.

 

 


Во 1936 година од страна на формираната драмска секција (воглавно од членови на билиотеката), за прв пат на македонски јазик е поставена и изведена во Вевчани и во Струга драмата “Печалбари“  од Антон Панов во која сите улоги ги играле машки актери.

Во 1963 година, библиотеката во Вевчани станува подрачна библиотека на Културно образовната установа, Национална библиотека “Браќа Миладоновци“  од Струга. 

Библиотеката низ годините се преселувала  во различни простории, а денес е сместена во својата  матична зграда  Домот на културата во Вевчани. Сегашниот книжен фонд изнесува околу 16.000 книги. Со донација на Националната библиотека, Универзитетска библиотека “ Св. Климент Охридски“ - Битола во 2010 зголемен е книжниот фонд за околу 600 книги меѓу кои и  книги на познати светски автори и стручни преводи како дел од владиниот проект “ Превод на 100 стручни книги од реномирани светски автори“.


 

 

 

Контакт информации:

Библиотека М-р Ристо Попески - Вевчани

Лице за контакт:  Ленче Коруноска

Адреса: 6335 Вевчани

Телефон: 075/ 249-044