|
27.07.2010 Започна со изградба рекреативното езеро во локалитетот "Јанков камен".
Започна со изградба рекреативното езеро во локалитетот "Јанков камен". По повод отпочнувањето на изградба на рекреативното езеро од страна на Општина Вевчани беше организиран коктел во Сабота на 24.07.2010. Со изградбата на езерото ќе се заокружи еден комплекс подготвен за туристичка понуда.
 |  | |
28.06.2010 Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“
Цел на овој проект е секоја година да се собираат еминентни уметници од балканските и карневалските градови со кои соработува Вевчанскиот карневал, инспирирани од убавините на Вевчани и негобите извори да создаваат уметнички дела кои ќе придонесат за меѓусебно запознавање и зближување.
Природните ресурси и локалитетите со кои изобилува Вевчани, Вевчанските извори – споменик на природата, богатото културно наследство преставуваат неповторлива инспирација за творење на ликовните уметници кои ќе учествуваат на Колонијата...
13.05.2010 Соработката меѓу Општина Вевчани и Ерманвил, Долна Нормандија
Во рамките на програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Македонија од 9-ти до 13-ти мај 2010 година, нашата општина ја посетија претставници на локалните власти од Ерманвил, Франција.
Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија има за цел да ги поттикне локалните власти за понатамошна директна меѓусебна соработка.
|