Јавна презентација и јавна анкета по измените и дополнувањето на Урбанистичкиот план вон населено место Вевчани
Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл. Весник на РМ бр. 60/2011 – пречистен текст), општина Вевчани ќе организира јавна презентација и јавна анкета по измените и дополнувањето на Урбанистичкиот план вон населено место Вевчани, локалитет “Суво Поле“, блок 1, 2 и 3 со површина на опфат од 13.0 ха. Јавната презентација и анкета ќе се одржи на ден 30.11.2012 година (Петок) со почеток во 11.00 часот во просториите на општина Вевчани. Сите заинтересирани правни и физички лица може да учествуваат на јавната презентација и да бидат запознаени со измената на урбанистичкиот план вон населено место Вевчани.
Расчистување на пристапни патишта, водни канали и јавни површини во општина Вевчани
Во општина Вевчани интензивно се работи на расчистување на пристапни патишта, водни канали и други јавни површини. Посебен придонес во овие активности дава Јавното комунално претпријатие ЕРЕМЈА од Вевчани со ангажирање на новата набавена машина- багер во рамките на “Проектот за подобрување на општинските услуги“ на Владата на РМ финансиран преку заемот од Светска банка. Исто така во рамките на програмата на Владата на РМ за ангажирање на невработени лица за вршење на јавни работи, општина Вевчани ангажира 11 невработени лица кој секојдневно се распоредуваат согласно планот за работа.
Со овие активности ќе се подобрат капацитети на водните канали што особено значајно во овој период од годината поради зголемениот интензитет на врнежи, ќе се подобри јавната чистота и ќе се подобри функионалноста на пристапните патишта.
Овие активности ќе продолжат и во иднина, со што Вевчани и понатаму останува пример за грижа за животната средина, незагадено и чисто подрачје, чисти улици и патишта
Привршува изградбата на новата училишна зграда во општина Вевчани
Во завршна фаза е изградбата на новата училишна зграда во Вевчани. Целосно е изграден објектот, завршен е покривот, поставена е надворешната дограма, поставени се електричните инсталации и системот за затоплување. Во моментот се работи на финализирање на внатрешните ѕидови, подови и се поставува внатрешното осветлување. Исто така во завршна фаза е изработката на канализационата и водоводната мрежа.
Со изградбата на овој капитален објект ќе се зголемат капиталните и инфраструктурни капацитети на општината и ќе се овозможи воспитно-образовниот процес во Вевчани да се одвива во современи услови кои одговараат на сите стандради за обавување на оваа дејност. Покрај современите училиници, во објектот се предвидени и предметни кабинети, мини лабаратории, кујна, терпезарија, музичка сала и други простории за квалитетно извршување на воспитно-образовниот процес.
Објектот се наоѓа во новиот спортско-образовен комплекс каде се лоцирани објектот на детската градинка и ново изграденото тениско игралиште. Во овој комплекс во 2013 година треба да започне со изградба нова спортска сала во рамките на програмата на Министерството за образование и наука за изградба на 100 училишни спортски сали. Исто така се предвидува и изработка на повеќенаменско надворешно игралиште со што овој комлекс ќе стане модерен воспитно-боразовен и спортски центар.
Средствата за изградба на училишната зграда се обездедени од страна на Владата на РМ преку надлежното Министество за образование и наука на РМ.
ОДЛУКА- за спроведување на стратегиска оценка
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина ( Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Советот на Општина Вевчани на ден 16.06.2012 година, донесе:
ОДЛУКА
за спроведување на стратегиска оценка
- За планскиот документ Заштита на споменикот на природата „Вевчански извори“ кој го донесува Советот на Општина Вевчани, потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Заштита на споменикот на природата „Вевчански извори“ се определуваат следните: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Министерство за образование, Општина Вевчани.
- За планскиот документ Заштита на споменикот на природата „Вевчански извори“, за чија изработка е одговорна Општина Вевчани, а го донесува Советот на Општина Вевчани, донесувањето на планскиот документ Заштита на споменикот на природата „Вевчански извори“ ќе има влијание врз животната средина.
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Развој на економијата, развој на туризмот, управување со земјиште и шумски површини, управување со земјоделските површини, заштита на животната средина и биодиверзитетот, управување со води, управување со отпад.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Вевчани на следната веб адреса/и: opstinavevcani@yahoo.com.
- Против оваа Одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка во работен однос во втор степен во рок оид 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страна.
Бр.07-458/10
16.06.2012 год.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Претседател
Сашо Иваноски
Претседателот на Асоцијацијата на европските карневалски градови (FECC) и делегатите на Холандската асоцијација на европскиот карневал и култура( FECC- Холандија) во посета на Вевчани
Претседателот на Асоцијацијата на европските карневалски градови (FECC) и делегатите на Холандската асоцијација на европскиот карневал и култура (FECC- Холандија) остварија официјална посета на општина Вевчани. Во периодот од 26 Мај до 3 Јуни во Прилеп се одржа 32-та Конвенција на Европските карневалски градови на која учество имаше и општина Вевчани. Поради големиот интерес и барањето на претседателот г-дин Ван Дер Крон и користејќи го учеството на конвенцијата за доаѓање во Македонија, беше оргранизиран прием на холандските делегати во Вевчани. Во рамките на оваа посета делегатите имаа можност поблиску да се запознаат со културно-историските и други особености на Вевчани, традицијата и историјата на Вевчанскиот карневал и можноста за заедничка соработка.
Прогласувањето на Вевчанските извори за споменик на природата пред Законодавно-правната Комисија
Денеска во Собранието на Република Македонија ќе се одржи второто продолжение на 26-та седница на Законодавно-правната Комисија. Помеѓу другите точки на дневен ред, членовите ќе расправаaт и по предлогот на ЗАКОНОТ за прогласување на локалитетот ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ за СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА - второ читање.
Набавка на повеќенаменско возило - багер и возило за собирање и транспорт на отпад од домаќинства
Почитувани граѓани,
Општина Вевчани во изминатиот временски период континуирано и посветено работеше на реализацијата на проектот за подобрување на општинските услуги преку набавка на нова опрема за подобрување на зимското одржување на улиците, подобрување на состојбата на водните и одводните канали, поефикасно и поекономично извршување на други градежни работи, подобрување на условите за собирање на отпад од домаќинствата и негово транспортирање до најблиската депонија со што значително ќе се придонесе кон заштеда на средства во буџетот на општина Вевчани.
По завршување на исцрпните процедури и постапки утврдени со домашните и странски регулативи со оглед на меѓународниот карактер на проектот се спроведе постапка за избор на најповолен понудувач кој согласно договорот треба да испорача едно повеќенаменско возило - багер и едно возило за собирање и транспорт на отпад од домаќинствата. Во законски утврдениот рок фирмата набавувач изврши испорака на возилата кои беа предмет на јавната набавкa и истите пристигнаа во претставништвото на фирмата во Охрид. Со решение на градоначалникот на општина Вевчани беше формирана Комисија за преглед на возилата и прием на истите која изврши детална анализа и утврди дека возилата ги исполнуваат сите услови и критериуми дефинирани во претходно утврдениот оглас за јавна набавка на тие возила. Во наредните денови ќе се изврши транспорт на возилата до Вевчани кои понатаму ќе бидат ставени во функција на извршување на секојдневните активности.
Општина Вевчани уште еднаш покажа дека има визија за развој на Вевчани и дека посветено и конктинуирано работи на подобрување на условите и квалитетот на живеење на граѓаните на општина Вевчани. Ова е еден од најголемите проекти што до сега ги има реализирано општина Вевчани со кој ќе се придонесе кон модернизирање на Јавното претпријатије ЕРЕМЈА од Вевчани во кое до сега не е инвестирано во вакви средства од неговото основање.
Со почит,
Општина Вевчани


Предлог закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори како споменик на природата- прво читање
Почитувани,
Денеска (15.02.2012) на дневен ред на продолжената седница на Собранието на Република Македонија под точка 19 ќе биде Предлог законот за прогласување на локалитетот Вевчански извори како споменик на природата - I читање. Постапката за прогласување на локалитетот Вевчански извори како споменик на природата влезе во собраниска процедура и во блиска иднина треба да се донесе закон со кој Вевчанските извори ќе се прогласат како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата.
Со донесувањето на овој закон целокупната површина на локалитетот Вевчански извори од 1370 хектари ќе биде дадена на управување на општина Вевчани. Со овој закон се предвидува заштита на следното подрачје:
Границата на споменикот на природата Вевчански извори започнува јужно од Вевчани од местото викано Тумба и оттаму по права линија се искачува кон запад до кота 1235 метри, каде што скршнува во југозападен правец до кота 1457 метри, од каде што продолжува во југозападен правец следејќи ја изохипсата од 1400 метри, за потоа да се спушти по асфалтниот пат јужно од село Горна Белица до кота 1293 метри. Оттаму, по земјениот пат во правец северозапад границата се искачува до кота 1839 метри и понатаму во иста насока се искачува до изохипса 2000 метри, следејќи ја истата во лак во северен правец, преку долот Скала, за оттаму да продолжи по истата изохипса помеѓу Вевчанска Локва и Криви Вирој до кота 1983 метри. Од овде границата продолжува да се искачува во северен правец преку планинскиот отсек, до кота 2078 метри, а потоа скршнува кон исток, спуштајќи се до месноста Бјков Лаж, продолжува по изохипса 1600 метри. преку месноста Голема Ливада, спуштајќи се потоа до земјениот пат, од каде скршнува во јужен правец, прво правејќи лак по патот, па кон југ, околу селото Вевчани, по изохипса 1000 метри. сé до местото викано Тумба.
Со предлог законот се предвидува заштитеното подрачје да биде поделено на неколку зони и тоа: зона на строга заштита, зона на активно управување, зона на одржливо корситење и заштитен појас. Во секоја од овие зони се предвидуваат посебни режими на активности.
Со донесувањето на овој закон ќе се создадат услови за поголем економски развој на Вевчани со оглед на тоа што општина Вевчани ќе управува со заштитеното подрачје врз основа на претходно изработен менаџмент план чија реализација ќе овозможи дополнителни приливи за општината и подобрување на условите на живеење.
Со почит,
Општина Вевчани
Одржана Јавната расправа по предлогот за прогласување на локалитетот Вевчански извори во заштитено подрачје во категоријата споменик на природата
На ден 01.12.2011 година во киносалата со почеток во 12.00 часот се одржа јавна расправа по предлогот на Министерството за животна средина и просторно планирање за повторно прогласување и проширување на границите на локалитетот Вевчански извори како зашитено подрачје во катергоријата споменик на природата.
На оваа јавна расправа учествуваа, градоначалникот на општина Вевчани, преставници од Управата за животна средина во рамките на МЖСПП кои ги запознаа присутните за овој предлог и корисноста од истиот. Исто така на јавната расправа присуствуваа и граѓаните на општина Вевчани,членовите на Советот на општина Вевчани, локалните невладини организации, преставници од подрачните единици на министерствата, ловните и шумските стопанства.
По презентацијата на овој предлог следуваа прашања од страна на присутните согласно нивната природа на дејноста што ја обавуваат и засегнатоста со оваа иницијатива.
Јавната расправа се одржа како резултат на редовната постапка за изработка на Предлог закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата. По јавната расправа земајќи ги во предвид забелешките и извештајот од истата, Министерството за животна средина и просторно планирање до 31.12.2011 година е задолжено да изработи предлог закон кој ќе биде доставен на разгледување и усвојување од страна на Собранието на РМ.
По донесувањето на овој закон целокупната територија во заштитеното подрачје ќе биде дадена на управување на општина Вевчани која треба да изработи посебен план за менаџирање со заштитеното подрачје.
Овој проект е од големо значење за заштита на територијата на општина Вевчани и создава услови за поголем економски развој на општината.
Трета форумска сесија
Во рамките на проектот “ Форуми во заедниците“ поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 17.11.2011 година (Четврток) во просториите на детската градинка со почеток во 13:30 часот ќе се одржи третата форумска сесија. На оваа сесија ќе бидат презентирани предлог проектите развиени од страна на граѓаните на општина Вевчани. На претходните две сесии присутните граѓани избраа тема и дадоа свои идеи кои беа образложени и се разработија во контретни предлог проекти. На оваа трета форумска сесија работните групи ќе ги презентираат своите предлог проекти и ќе се продолжи со понатамошна селекција на најдобар проект кој ќе се финансира од страна на општината Вевчани и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Се повикуваат граѓаните на општина Вевчани да земат активно учество на оваа сесија каде што ќе имаат можност да дадат свои идеи и коментари по пооделните проекти со цел истите да бидат поквалитетни и взаемно прифатливи.
Втора форумска сесија на граѓани на општина Вевчани
На ден 26.10.2011 ( Среда) во просториите на Детската градинка ЈУДГ Планински цвет со почеток во 14.00 часот ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот “Форуми во заедниците“ поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.
За време на првата форумска сесија беше презентиран проекто и беше избрана темата Култура, Култруно наследство и туризам како област во која граѓаните понатаму ќе предлагаат проекти и на крај ќе изберата еден проект кој ќе биде финансиран од страна на општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.
На втората форумска сесија ќе се врши презентирање на проблемите и потребите во избраната област со цел во иднина во понатамошните форумски сесии да се предложат решенија за решавање на проблемите и да се изработат готови предлог проекти.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество и да придонесат до успешна реализација на овој форум.
Пуштено во употреба тениското игралиште
Во соработка со Агенцијата за млади и спорт успешно е завршен проектот за изградба на тениско игралиште на територијата на општина Вевчани. Изградбата на тениското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 тениски игралишта на териториајта на Република Македонија. За изградба на тениското игралиште од средствата на буџетот на РМ беа издвоени околу 5 милиони денари.
Проектот е целосно завршен и тениското игралиште е предадено во употреба на ден 21.08.2011 во присуство на Премиерот на РМ Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, Градоначалникот на општина Вевчани Перо Илиески и локалните граѓани и љубители на тенисот.
Отворена канцеларија на катастарот во Вевчани
Во општинската зграда во Вевчани отворена е канцеларија на Агенцијата за катастар и недвижности, одделение Вевчани. Канцеларијата на катастарот во Вевчани ќе работи во Понеделник и Четврток од 8:30 до 16:30 часот. Покрај за граѓаните од Вевчани канцеларијата ќе врши услуги и за околните катастарски населби и тоа: Вишни, Октиси, Долна Белица, Велешта, Јабланица, Борец, Лабуништа и Подгорци. Со оваа канцеларија на граѓаните ќе им се овозможи полесно вадење на имотен лист и полесен пристап до другите услугите кои ги нуди катастарот.