Градоначалник на Вевчани
Перо Илиески
Перо Илиески е роден на 05.06.1968 година во Вевчани, оженет, татко на две деца. Основното училиште го завршува во ОУ„Страшо Пинџур“ Вевчани. Средното образование го продолжува во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. По завршувањето на средното училиште, се запишува на Шумарскиот факултет во Скопје каде што и се стекнува со титулата Дипломиран шумарски инжинер.
Работното искуство му започнува:
1994 - 1995 година води сопстев бизнис во Словенија
1996 - 1998 година има сопствена фирма за градежништво во Битола
од 1998 - 2001 година е Директор ШС „Јабланица“ Струга
од 2000 - 2004 година е советник во Советот на општина Вевчани
од 2001 - 2003 година е секторски директор за производство при ЈП Македонски шуми - Скопје
од 2003 - 2006 година е самостоен референт по искористување во ШС „Јабланица“ Струга
од 2006 - 2009 година е Директор на ШС „Јабланица“ Струга
На позицијата Градоначалник на општина Вевчани доаѓа во Април 2009 година.