Одржана Јавната расправа по предлогот за прогласување на локалитетот Вевчански извори во заштитено подрачје во категоријата споменик на природата
На ден 01.12.2011 година во киносалата со почеток во 12.00 часот се одржа јавна расправа по предлогот на Министерството за животна средина и просторно планирање за повторно прогласување и проширување на границите на локалитетот Вевчански извори како зашитено подрачје во катергоријата споменик на природата.
На оваа јавна расправа учествуваа, градоначалникот на општина Вевчани, преставници од Управата за животна средина во рамките на МЖСПП кои ги запознаа присутните за овој предлог и корисноста од истиот. Исто така на јавната расправа присуствуваа и граѓаните на општина Вевчани,членовите на Советот на општина Вевчани, локалните невладини организации, преставници од подрачните единици на министерствата, ловните и шумските стопанства.
По презентацијата на овој предлог следуваа прашања од страна на присутните согласно нивната природа на дејноста што ја обавуваат и засегнатоста со оваа иницијатива.
Јавната расправа се одржа како резултат на редовната постапка за изработка на Предлог закон за прогласување на локалитетот Вевчански извори како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата. По јавната расправа земајќи ги во предвид забелешките и извештајот од истата, Министерството за животна средина и просторно планирање до 31.12.2011 година е задолжено да изработи предлог закон кој ќе биде доставен на разгледување и усвојување од страна на Собранието на РМ.
По донесувањето на овој закон целокупната територија во заштитеното подрачје ќе биде дадена на управување на општина Вевчани која треба да изработи посебен план за менаџирање со заштитеното подрачје.
Овој проект е од големо значење за заштита на територијата на општина Вевчани и создава услови за поголем економски развој на општината.
Трета форумска сесија
Во рамките на проектот “ Форуми во заедниците“ поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 17.11.2011 година (Четврток) во просториите на детската градинка со почеток во 13:30 часот ќе се одржи третата форумска сесија. На оваа сесија ќе бидат презентирани предлог проектите развиени од страна на граѓаните на општина Вевчани. На претходните две сесии присутните граѓани избраа тема и дадоа свои идеи кои беа образложени и се разработија во контретни предлог проекти. На оваа трета форумска сесија работните групи ќе ги презентираат своите предлог проекти и ќе се продолжи со понатамошна селекција на најдобар проект кој ќе се финансира од страна на општината Вевчани и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Се повикуваат граѓаните на општина Вевчани да земат активно учество на оваа сесија каде што ќе имаат можност да дадат свои идеи и коментари по пооделните проекти со цел истите да бидат поквалитетни и взаемно прифатливи.
Втора форумска сесија на граѓани на општина Вевчани
На ден 26.10.2011 ( Среда) во просториите на Детската градинка ЈУДГ Планински цвет со почеток во 14.00 часот ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на проектот “Форуми во заедниците“ поддржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.
За време на првата форумска сесија беше презентиран проекто и беше избрана темата Култура, Култруно наследство и туризам како област во која граѓаните понатаму ќе предлагаат проекти и на крај ќе изберата еден проект кој ќе биде финансиран од страна на општината и Швајцарската агенција за развој и соработка.
На втората форумска сесија ќе се врши презентирање на проблемите и потребите во избраната област со цел во иднина во понатамошните форумски сесии да се предложат решенија за решавање на проблемите и да се изработат готови предлог проекти.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество и да придонесат до успешна реализација на овој форум.
Пуштено во употреба тениското игралиште
Во соработка со Агенцијата за млади и спорт успешно е завршен проектот за изградба на тениско игралиште на територијата на општина Вевчани. Изградбата на тениското игралиште е дел од проектот на Владата на РМ за изградба на 100 тениски игралишта на териториајта на Република Македонија. За изградба на тениското игралиште од средствата на буџетот на РМ беа издвоени околу 5 милиони денари.
Проектот е целосно завршен и тениското игралиште е предадено во употреба на ден 21.08.2011 во присуство на Премиерот на РМ Никола Груевски, Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, Градоначалникот на општина Вевчани Перо Илиески и локалните граѓани и љубители на тенисот.
Отворена канцеларија на катастарот во Вевчани
Во општинската зграда во Вевчани отворена е канцеларија на Агенцијата за катастар и недвижности, одделение Вевчани. Канцеларијата на катастарот во Вевчани ќе работи во Понеделник и Четврток од 8:30 до 16:30 часот. Покрај за граѓаните од Вевчани канцеларијата ќе врши услуги и за околните катастарски населби и тоа: Вишни, Октиси, Долна Белица, Велешта, Јабланица, Борец, Лабуништа и Подгорци. Со оваа канцеларија на граѓаните ќе им се овозможи полесно вадење на имотен лист и полесен пристап до другите услугите кои ги нуди катастарот.
Партерно уредување на пешачката патека во ЈУДГ Планински цвет Вевчани
Општина Вевчани започна со партерното уредување на пешачката патека во дворот на Јавната установа за деца, Детска градинка Планински цвет во Вевчани. Со ова уредување ќе се овозможи нормално и непречено движење на родителите и нивните деца во рамките на детската градинка. Општина Вевчани уште еднаш ја покажува својата грижа кон оваа институција во која до неодамнешното превземање во сопстевни раце отсуствуваа поначајни инвестициони активноси. Во блиска иднина се планира и уредување на дворот, замена на дотраената дограма, реновирање на кујната и реновирање и уредување на ентериерот во објектот